Cisco Expo 2008 - Партнери

Expo 2008
Cisco Expo 2008

Партнери

Платинест партнер

PeximPexim е основан во 1990 година и функционира како група на компании - Pexim Solutions (Белград, Скопје, Бања Лука, Софија и Тирана), eMS Белград, Pexim CMS Крагуевац, Cardinfo (Белград, Подгорица, Сараево и Љубљана), и 24x7 Сервисен Центар (Белград, Скопје и Подгорица). Од 1 јануари 2008 година, Pexim стана дел од International ASSECO Group, најголемата IT компанија во Регионот на Централна и Источна Европа и една од врвните 10 IT компании во Европа. Ова претставува потврда на нашиот голем раст и способност да постигнуваме успеси и надвор од Балканскиот регион. ASSECO Групата е сојуз на водечки IT провајдери во Полска, Словачка, Република Чешка, Австрија, Германија, Романија и Јадранот. Секоја членка на Групата главно функционира како производител на софтвер или систем интегратор, со core компетенции, вклучувајќи IT решенија за банкарство, заштеда и намалување на деловните трошоци, осигурување и здравствена заштита. Во рамките на националните столбови односно членки, како и на ниво на Групата треба да се истражи синергијата (на деловните, финансиски, технолошки аспекти). Ова партнерство претставува натамошно проширување на работењето на Pexim на меѓународните пазари.

Во областа на инфраструктурата, Pexim разви посебна програма – Advanced Infrastructure Services, во рамките на која, спроведува и поддржува сложени компјутерски мрежни решенија, сервери, storage системи, оперативни системи, бази на податоци и друг системски софтвер. Во текот на овие 18 години успешна работа, освен што развива сопствени решенија, Pexim развива и партнерски однос со светските водечки IT компании како што се: Microsoft (Gold Certified Partner), Cisco Systems (Gold Certified Partner), IBM (Business Partner), Lenovo (Business Partner), EMC (Premier Velocity Solution Partner), Wincor Nixdorf (Authorized Sales and Service Partner), Hypercom (Business Partner).

Во моментот, Pexim Solutions има повеќе од 450 вработени и уште од самото основање е фокусиран врз развој, имплементација и поддршка на решенија во банкарскиот, финансискиот, телекомуникацискиот и владиниот сектор. Pexim е водечка регионална компанија во областа на банкарските IT системи, што е потврдено од повеќе од 45 сегашни референци за решенијата на Pexim. Обучени се преку 5.000 банкарски службеници во Регионот за секојдневно користење на апликациите на Pexim, кои пружаат услуги на повеќе од 200.000 правни и 2.000.000 физички лица.


Златен партнер

Makedonski TelekomЗа Македонски Телеком АД Скопје
Македонски Телеком АД –Скопје е водечки национален телекомуникациски оператор во Република Македонија. Како професионална, модерна компанија, ориентиран кон своите корисниците, Македонски Телеком ги следи најновите светски технологии и пазарни трендови и им нуди на своите резиденцијални и бизнис корисници широк спектар на телекомуникациски продукти и услуги.

Нашата визија
Нашата визија за иднината е да бидеме лидер на пазарот и компанија која е ориентирана кон своите корисници, со тоа што им нуди високо квалитетни интегрирани комуникациски услуги и забавни содржини.

Нашата мисија
Да се прилагодиме на пазарот со цел зајакнување на нашиот успех и подобро исполнување на очекувањата на нашите корисници, со тоа што ќе понудиме супериорна понуда за комуникација и продукти со одлична содржина, одлична грижа за корисници и врвен квалитет и технички можности, како дел од целокупната услуга.

Дел од големото семејство на Дојче Телеком
Од 2000та година, компанијата е дел од интернационалната Дојче Телеком Групација. Со новата усвоена бренд структура, Македонски Телеком АД – Скопје е компанија, целосно ориентирана кон достигнување на врвен квалитет во својата работа и активности. Во согласност со најновите телекомуникациски трендови, компанијата продолжува да се фокусира на потребите и барањата на модерниот корисник, секогаш користејќи ги најдобрите операциони практики на Дојче Телеком.

 

KernelCOSMOFON е локална компанија за мобилна телефонија, која како дел од COSMOTE ги користи меѓународните искуства на Групацијата во своето работење. Досега компанијата ја стекна довербата на над 640.000 корисници а мрежата на COSMOFON покрива над 99 % од населението.

Во своето работење и развој, COSMOFON применува кориснички-ориентирана стратегија, фокусирајќи се на комуникациските потреби на корисниците и истовремено предводејќи го развојот на телекомуникацискиот пазар во земјава.

Со цел да ги задоволи комуникациските потреби на корисниците, во јуни 2008 COSMOFON воведе фиксна телефонија ALLO, со која за прв пат се понуди вистински избор на пазарот на фиксната телефонија.

Следејќи ја својата стратешка определба постојано да воведува нови технолошки напредни комуникациски решенија и услуги, COSMOFON прв на пазарот ја воведе врвната 3G технологија – трета генерација мобилна телефонија.

COSMOFON континуирано ја збогатува својата палета на комуникациски производи и услуги, стекнувајќи статус на единствен оператор во Југоисточна Европа со комплетно комуникациско портфолио кој на своите корисници им нуди единствени комуникациски можности.


Сребрен партнер

NeocomНеоком е основана во мај 1990. Главни инвестирања во минатите години беа инвестирања во едукација на својот професионален кадар. Имплементирањето на модерни технологии и висок професионализам на техничкиот персонал во согласност со светските стандарди и критериуми ја направија Неоком водечка компанија во Македонија во областа на информатичката и комуникациската технологија. Континуираниот развој на компанијата резултираше во завидно финансиско ниво, крунисано со нов модерен бизнис центар со повеќе од 7.000 m2.

 

S&T MakedonijaСо повеќе од 3.100 вработени и годишен промет од 522,2 милиони Евра во 2007 година, S&T претставува водечки системски интегратор во Централна и Источна Европа, DACH регионот (Германија-Австрија-Швајцарија), Јапонија и Кина, притоа нудејќи ИТ решенија и услуги базирани на светски познати технологии како и извонредно разбирање на потребите на корисниците преку силно локално присуство. Со седиште во Виена,С&Т групацијата преку своите 70 канцеларии во 22 земји, успеа да воспостави успешна мрежа во споменатите пазари.

СиТ Македонија е основан во 1994 година и претставува дел од S&T групацијата. Во моменов СиТ Македонија има 30 вработени, сразмерно распределени во различните деловни сектори, продажба, кориснички сервис и поддршка,развој на деловен софтвер како и администрација.


KernelКернел е регионална систем интеграторска фирма, чија мисија е да им овозможи на своите клиенти да постигнат одржана, високо квалитетна и конкурентска предност со ефикасна употреба на напредната технологија и напредни решенија.
Ние ги прилагодуваме нашите решенија кон Вашите бизнис потреби со цел да Ви овозможиме да се концентрирате на Вашите бизнис задачи истовремено намалувајќи ги Вашите трошоци, зголемувајќи ја соработката и размената на информации во Вашата компанија во безбедносна и високо квалитетна ИКТ околина.

Нашите подрачја на стручност се: Консултации за оптимални ИКТ решенија, Тестирање и “proof of concept” во нашата богато опремена лабораторија од страна на високо стручен кадар, Целосни ИКТ решенија, дизајн и имплементација, Набавка на опрема и логистика, Професионална подршка, Обука и едукација на вработените каде што е имплементирано ИКТ решението, Продолжување на гаранција на опрема и брза замена на истата, Security Auditing, Менаџирани ИКТ услуги.


Изложувачи

Ekonet“ЕКОНЕT е овластен дистрибутер за светски познатите брендови Cisco, LinksysByCisco и Microsoft на територијата на Македонија, Албанија и Косово. Формиран е во 1999 година како единствен авторизиран CISCO дистрибутер, а во 2006 година станува и овластен дистрибутер за Microsoft. Средината на 2008 година, Еконет ја прошири својата палета на производи и со LinksysByCisco.
Еконет својата продажба ја врши исклучиво преку каналот на партнери, реномирани фирми од гранката на ИТ индустријата.”

 

Komercijalna BankaКомерцијална банка АД Скопје е една од водечките банки во Република Македонија, четирикратен добитник на престижната награда „Банка на годината“ 2001, 2002, 2004 и 2005 од реномираното банкарско списание „The Banker“, како и петкратен добитник на наградата за најдобра банка во Македонија за 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 година од реномираниот њујоршки магазин „Global Finance“.

Банката е во служба на своите постојани и потенцијални клиенти преку широката мрежа на филијали и експозитури, банкомати и ПОС терминали, која во континуитет се проширува на територијата на целата земја.

Банката има воспоставено кореспондентски односи со преку 600 банки во 23 земји и контокорентски односи со 55 банки.

 

IntracomИнтраком Дооел Скопје е подружница на INTRACOM TELECOM активна во Република Македонија од 2002 год во обезбедување на решенија и услуги за различни клиенти во областа на електроника и телекомуникации, информациски технологии, електрика, машинство, градежништво, архитектура, економија, деловна администрација и право.

 

SemosСемос е водечка македонска компанија која обезбедува комплетни софтверски решенија, систем интеграциски услуги и IT консултации. Основните активности се дизајн, развој, имплементација и техничка поддршка на комплексни IT решенија.
Повеќе од две децении Семос е најпознатиот IT бренд во Македонија.
Семос посветува особено внимание на задоволството на своите клиенти, надградувајќи ги така професионалните и етички стандарди на дејноста како и на постојано развивање на квалитетот на своите услуги.

 

Semos EdukacijaСемос Едукација е најголем центар за компјутерска обука во Македонија. Со повеќегодишно искуство на ова поле, современо опремени училници и високо образовани, стручни предавачи, Семос Eдукација ги поставува стандардите во полето на компјутерската едукација.
Семос Едукација развива систем на компјутерска едукација, како неформално образование, со што го подига степенот на компјутерска едукација на популацијата на просторите на Република Македонија. Паралелно со системот за учење, кој го развива континуирано, во рамките на меѓународните сертфикациони системи координира и организира систем за сертифицирање на знаењата.
Семос Едукација одржува авторизиран Cisco® Training, како SPONSORED ORGANIZATION (SO) of NIL Data Communication, Cisco® Learning Solutions Partner, сертифициран од Cisco® како Cisco® Learning Solutions Partner и Cisco® Gold Certified Partner. Програмата Cisco Sponsored Organization (SO) е првиот чекор кон Cisco Learning Partner титулата, дизајниран за испорака на Cisco авторизиран тренинг преку квалифицирани партнери и е авторизиран да нуди официјални Cisco Learning Products.

 

Cacttus CACTTUS е водечки провајдер на услуги и мрежни решенија во Косово, а од 2006 е присутен и на Албанскиот пазар. CACTTUS им нуди на своите крајни корисници интегрирани услуги вклучувајќи и консалтинг во core business процесите како и во развивањето и оперативноста на нивните информатички системи. Основана во 2003, компанијата е изградена од солидна техничка база со силен фокус на обезбдеувањето услуги со висок квалитет и решенија со напредна технологија. Блиско соработувајќи со водечките брендови во ИТ индустријата како Microsoft, CISCO, IBM, Lenovo, Symantec и други, CACTTUS сепак продолжува да биде независен од производителите и насочен кон консалтинг во својот пристап да обезбеди најдобро одговарачки решенија на корисниците од приватниот и јавниот сектор.

 

KernelInfoSoft Systems е водечка ИТ компанија на пазарот во Албанија која нудејќи ги своите решенија и продукти има за цел основање долготраен партнерски однос заснован на доверба со крајните корисници.
Основана во 1991, со 100% приватен капитал, InfoSoft Systems е првата и најголема ИТ компанија во Албанија во полето на Информатичката Технологија.
InfoSoft Systems е присутен и во Приштина, Косово и Скопје, Македонија, каде со истиот квалитет им пристапува на потребите на корисниците за ИТ продукти и услуги, нудејќи ги своите професионални решенија. 
InfoSoft Systems е Cisco Premier Certified Partner и е специјализиран за Advanced Security. InfoSoft Systems  е фокусиран на security решенија базирани на  CISCO  технологиите, вклучувајќи Cisco Adaptive Security Appliance (ASA), IDS/IPS, VPN, Security Management, CS-MARS  и  NAC Appliance. InfoSoft Systems им обезбедува на своите корисници консалтинг улсуги, имплементација, тренинг и услуги на оддржување на опремата. 

 

CCS SolutionsCCS Solutions (CCSS) е првата System Integrator компанија во Албанија, фокусирана на големи и средни претпријатија. Работејќи како компанија со фокус насочен кон услугите и кон одреден дел од пазарот, ние ги дефиниравме и развивме услугите и решенијата кои се во линија со актуелниот развој и потребите на потрошувачите од речиси сите ИТ области - мрежи, инфраструктура, безбедност, Unified communications, бизнис апликации и business intelligent.
CCSS има добиено повеќе награди и основано партнерства со најреномираните интернационални компании како Cisco, IronPort, Oracle, Microsoft, McAfee, GFI, ThinPrint. Ние континуирано ги дефинираме и адаптираме нашите услуги со цел да им обезбедиме на нашите клиенти најнапредни, модерни и сигурни технологии и решенија.
CCSS има Advanced Security, Express Unified Communications и Foundation Express специјализации.

 

© 1992-2007 Cisco Systems, Inc. All rights reserved. Terms and Conditions | Privacy Statement | Cookie Policy | Trademarks of Cisco Systems, Inc.