



За Cisco Networking Academy
Cisco Networking Academy е врвна образовна програма од областа на мрежните и информатичките технологии. Наменета е за студентите и вработените кои сакаат да го прошират своето ИТ знаење и се заинтересирани за кариера во областа на напредните технологии. Програмата овозможува висококвалитетно образование кое се темели на Интернет настава и од кое се одушевени преку милион учесници во програмата на Cisco академиите во повеќе од 150 земји во светот.
Претставниците на регионалните Cisco академии ќе бидат присутни во текот на целата конференција на својот изложбен штанд и ќе Ви бидат на располагање за сите дополнителни прашања во врска со Cisco едукацијата во Македонија.
Натпревар
Целта на натпреварот е да ги предизвика младите луѓе и нивните наставници и обучувачи да постигнуваат високи стандарди на компетентност во областа на мрежните и информатичките технологии, како и да ги мотивира младите луѓе за стекнување дополнително ИКТ образование и обука.
Формат на натпреварот
NetRiders решавањето задачи е поделено на теоретски испит и на оценување на практичните вештини.
Со теоретскиот дел се бара од студентите да положат испит со кој се тестира нивното познавање на основните концепти за мрежната технологија.
Делот од напреварот што се заснова врз практичните вештини се фокусира на физичката поставеност на мрежата, поврзувањето и конфигурацијата на мрежните компоненти и решавање на проблеми.
Содржината на овие делови од натпреварот се строго засновани врз содржината на наставната програма на Cisco Networking Academy CCNA (Discovery 1-4 or Exploration 1-4).