



Воведни предавања
ИВО ИВАНОВСКИ- МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО

М-р Иво Ивановски Министер за информатичко општество е роден во Битола на 10 јануари 1978 година .
Дипломирал информатика на Универзитетот Охајо Стејт во градот Колумбус, Охајо (САД) во 2000 година Магистрирал во 2003 на насоката хардверски инжинеринг . Тој досега беше менаџер на ИТ секторот во компанијата „Пласколит“, произведувач на плексиглас, инаку најголема приватна компанија во светот што се занимава со производство на плексиглас. Кариерата ја почнал во 1997 година како технички специјалист за одржување на компјутерска опрема. Напредува до позицијата ИТ Менаџер во Секторот за развој и одржување компјутерска технологија задолжен за формирање на буџетот, ИТ архитектурата, тренинг и развој на вработените, имплементирање на нови хардвер и софтвер системи, одржување на ВПН инфраструктурата меѓу четирите фабрики во САД што ги поседува „Пласколит“. Во неговиот единаесетгодишен престој во САД, Иво Ивановски е активен член на Македонско-Американската Пријателска Асоцијација како и член на раководниот одбор при Македонската црква во Колумбус, „ Успение на Пресвета Богородица”.
Тој е и советник на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за прашања поврзани со информатиката и економијата. Зборува англиски, српски и хрватски а разбира и шпански јазик.
За министер во Владата е избран на 21 декември 2006 година.
НИКОЛАЈ БЕКЕРС, ГЛАВЕН ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР НА
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД-СКОПЈЕ

Николај Бекерс е на чело на Македонски Телеком АД-Скопје од септември 2007 година. Пред да стапи на функцијата Главен извршен директор на Македонски Телеком, долги години работел за Дојче Телеком. Својата кариера во Дојче Телеком ја започнува во 1995 година и досега освен во Германија бил на високи раководни позиции како претставник на ДТ во Индонезија, Малезија и во Франција. Во богатата кариера на Николај Бекерс влегува и работното искуство во Дојче Банка (Германија и Сингапур).
Наскоро по доаѓањето во Македонија, Бекерс е избран за претседател на Македонско-германската бизнис асоцијација, а истовремено ја извршува функцијата заменик претседател на Европската бизнис асоцијација –ЕБА. Тој е член на Франко-германската стопанска комора со седиште во Париз, како и на престижниот француски Институт за високи студии за национална одбрана, назначен од премиерот на Франција.
KAAN TERZIOGLU, VICE PRESIDENT, EMERGING MARKETS, EMERGING EAST, CISCO SYSTEMS

Пред да му се придружи на Cisco Systems во 1999 год., во текот на неговата долгогодишна менаџерско-консултантска кариера, Каан Терзиоглу работел во повеќе светски познати компании, на различни места во светот.
Во Cisco Systems, својата кариера ја започнал како раководител на Cisco Internet Business Solutions Group, за подоцна да се приклучи кон Advanced Technology Sales тимот, потоа во Technical Marketing за Средниот Исток и Африка.
Денес, Каан Терзиоглу е Потпретседател на компанијата Cisco Systems и одговорен за развојот на деловните операции во регионот на Источна Европа кој опфаќа 19 земји, а во кои спаѓа и Македонија како дел од Адриатик регијата.
СЛАВЧО АНГЕЛОВСКИ, ЗАМЕНИК ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПЕКСИМ

Својата кариера Славчо Ангеловски ја започна во 1993 година во Македонски Бизнис Системи – IBM бизнис партнер, како Customer engineer одговорен за хардвер, софтвер и сервис на IBM продуктното портфолио. Од 1999год. Работи на позиција Head of Systems Engineers Department.
Во текот на својата кариера се здобива со професионални вештини и експертиза на повеќе полиња.
На тимот на Пексим се приклучува во 2001год. како директор на Сервисниот Центар( првиот електонски банкарски сервис во Македонија), за да во 2003 год. стане директор за продажба и во 2006 год биде назначен како Заменик Генерален директор на Пексим групација.