



Важни информации
Локација
Хотел „Александар Палас“ - Скопје
Булевар 8ми Септември бб, 1000 Скопје
Датуми
Конференција: 26 и 27 ноември 2008, Expo забава на 27 ноември 2008
Пријава
Пријавувањето за конференцијата трае до 23 ноември 2008 на web страната на Cisco Macedonia www.cisco.com/mk на која се наоѓаат сите информации за конференцијата и регистрацискиот формулар.
Котизацијa
Цената на котизацијата за двата конференциски дена и забавата изнесува 6.000 денари до 15 ноември 2008, а последната недела, од 15 до 23 ноември и на самиот настан изнесува 7.500 денари. (ДДВ не е вклучено)
Веднаш по пријавувањето ќе добиете про-фактура од: Имелда Огилви ДОО Скопје со адреса на ул: „Васил Главинов“ 3-1/1, 1000 Скопје која мора да се уплати до почетокот на Expo конференцијата, односно заклучно со 25 ноември 2008.
За сите информации во врска со плаќањето обратете се на:
тел./факс + 389 2 321 66 77
и на моб. + 389 71 385 171
(хотелско сместување не е вклучено во цената на котизацијата)
Откажување на учеството
Пријавениот учесник може да го откаже своето учество на следниот начин:
- писмено до 15 ноември 2008 без трошоци
- писмено после 15 ноември 2008 со задршка на 30% од висината на котизацијата.
Откажување на конференцијата
Во случај на околности кои не можат да бидат спречени ниту контролирани од страна на организаторот, Cisco Systems може да ја откаже или прекине конференцијата и во тој случај котизациите ќе бидат вратени во целост или во нивен сразмерен дел.
Јазик
Предавањата од страна на Cisco предавачите ќе бидат на англиски јазик. Спонзорите го задржуваат правото да презентираат на македонски или англиски јазик.
Напомена
Го задржуваме правото на промена на содржината и/или промена на предавачите. Сите промени ќе бидат објавувани на web страната на Cisco Macedonia www.cisco.com/mk.