



Покана
Почитувани корисници, партнери и пријатели на Cisco,
Ми претставува особено задоволство од името на целиот тим на Cisco Македонија, да Ве известам дека најважната конференција посветена на мрежните технологии во светот - Cisco Expo, оваа година за прв пат ќе се одржи и во Македонија, на 26 и 27 Ноември 2008 во хотелот Александар Палас во Скопје.
Ве покануваме да ни се придружите на двата конференциски дена со тема: “Innovate. Experience. Network.” во кои нашите експерти преку најновите продукти и решенија, ќе Ви ја пренесат визијата на Cisco во која мрежата е платформа за успешни и продуктивни деловни процеси на компаниите. Преку најдобрите светски искуства ќе се обидеме да пружиме идеи за развојот на нашата општествена заедница и локалниот пазар.
Времето во кое живееме е време на брзи промени, зголемен број иновации и нови технологии кои пружаат можности за поинаков пристап кон работењето и кои подразбираат достапност на податоците во било кое време и на било кое место. Темпото на глобализацијата наметнува соработка помеѓу луѓето и компаниите од сите делови на светот и нивна комуникација преку мрежата која ги поврзува и која претставува сигурна платформа за размена на искуства прилагодени според потребите на пазарот и корисниците.
Дозволете Cisco да ве одведе во промените кои не очекуваат менувајќи го начинот на кој живееме, работиме, учиме и се забавуваме.
Придружете ни се!
Харис Пињо
Генерален директор
Cisco Systems – Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово