Имате сметка?

  •   Персонализирана содржина
  •   Вашите производи и поддршка

Потребна ви е сметка?

Направете сметка

Онлајн изјава за приватност на Cisco - На чекање

Следнава Изјава за приватност на Cisco ќе биде објавена на 27 Јуни 2016 година.

Cisco Systems, Inc. и нејзините подружници (колективно "Cisco") се посветени на заштитување на вашата приватност и обезбедување на позитивно искуство за вас на нашите веб-локации, како и при користењето на нашите производи и услуги ("Решение" или "Решенија"). Оваа Изјава за приватност се однесува на веб-локациите на Cisco кои водат до неа, а опишува како се справуваме со личните податоци. Дополнителни информации за нашите практики за лични информации може да се обезбедат во додатоците оддесно или во известувањата кои се обезбедени при собирање на податоците. Можно е одредени веб-локации на Cisco да имаат сопствена изјава за приватност што опишува како се справуваме со личните податоци од тие конкретни веб-локации. Доколку известувањето обезбедено при собирањето на податоците или изјавата за приватност за конкретната веб-локација се во конфликт со оваа Изјава за приватност, таквото известување или изјава за приватност даваат предност.

Собирање на вашите лични податоци

Можно е да собираме информации, вклучувајќи и лични податоци за вас, затоа што ги користите нашите веб-локации и имате интеракција со нас. "Лични информации" се сите информации што можат да се употребат за идентификување на поединец, а може да вклучуваат име, адреса, адреса на е-пошта, телефонски број, информации за сметките на социјалните медиуми или број на платежна картичка. Ако поврземе други податоци со вашите лични податоци, со другите поврзани податоци ќе се однесуваме како со лични податоци. Собираме лични информации и од извори на трети страни на кои им веруваме и ангажираме трети страни да ни помогнат во собирањето лични информации.

Личните информации ги собираме поради повеќе причини, како:

  • Обработка на порачката.
  • Обезбедување претплата за билтен.
  • Испраќање комуникација за маркетинг.
  • Создавање сметка.
  • Овозможување на употребата на одредени карактеристики од нашите Решенија.
  • Персонализирање на вашето доживување.
  • Обезбедување услуги за корисници.
  • Управување со апликација за работа.
  • Собирање информации за време на процесот за поднесување тестови, кога сте се пријавиле да се тестирате компјутерски за некој сертификат.

Ние и третите страни што ги ангажираме може да ги комбинираме информациите кои ги собираме од вас со текот на времето и од нашите веб-локации, со информации добиени од други извори. Ова ни помага да ги подобриме целокупните прецизност и комплетност, како и за полесно да ја скроиме интеракцијата со вас.

Ако изберете да обезбедите лични информации за трета страна кај Cisco (како име, е-пошта и телефонски број), тоа значи дека ја имате дозволата од третата страна да го правите тоа. Примерите вклучуваат проследување референтен материјал до пријатели или препораки за работа.

Во некои случаи, Cisco може автоматски да собира податоци преку колачиња, веб-дневници, веб-патокази и други слични апликации. Овие информации се користат за подобро да се разбере и да се подобри искористувањето, перформансите и ефективноста на веб-локацијата, како и за да ни помогнат да скроиме содржина или понуди за вас. Ве молиме, прочитајте го делот "Колачиња и други веб-технологии" подолу за повеќе информации.

назад на почеток

Користења на вашите лични податоци

Можно е вашите лични информации да ги користиме за целите за водење на нашиот бизнис, за обезбедување, подобрување и приспособување на нашите решенија, за испраќање маркетиншка и друга комуникација поврзана со нашиот бизнис и за други легитимни причини кои ги дозволува применливиот закон. Некои од начините на кои е можно да ги употребиме личните информации вклучуваат:

  • Обезбедување на решение што сте го побарале.
  • Поддржување и подобрување на нашите решенија и на вашето онлајн доживување.
  • Персонализирање на веб-локации, билтени и друга комуникација.
  • Примена и обработка на испитите за сертификати.
  • Испраќање комуникација до вас, што опфаќа цели за маркетинг или за задоволство на корисниците, или директно од Cisco или од нашите партнери.

Можете да ги уредувате претпочитањата за комуникација во секое време. Подолу погледнете ги вашите избори и изберете ги претпочитањата за комуникација.

назад на почеток

Пристап до и прецизност на вашите лични податоци

Потребна ни е ваша помош за да ги одржиме вашите лични податоци прецизни и ажурни. За да ги ажурирате личните податоци и претпочитањата за комуникација, ве молиме, контактирајте со нас. Освен тоа, можно е да можете да ги прегледате или уредите вашите лични податоци на интернет, вклучувајќи:

  • Cisco.com – Можете да пристапите и да го ажурирате профилот со помош на Cisco алатката за управување профили. Исто така, можете да ги правите овие ажурирања или да барате деактивација на вашиот профил на веб-локација со испраќање е-пошта до нашиот тим за веб-помош.
  • Webex.com – Можете да пристапите и да го ажурирате профилот со пријавување на вашата корисничка сметка на интернет. Исто така, можете да ги правите овие ажурирања или да барате деактивација на вашиот профил на веб-локација со испраќање е-пошта до нашиот тим за приватност.

Се трудиме да покажеме добра волја за да ги испочитуваме разумните барања за пристап или коригирање на вашите податоци ако не се точни. На вашето барање за пристап до податоци ќе одговориме во рок од 30 дена.

Некои ентитети на Cisco повремено може да се сметаат за контролери на податоци. Кога некоја ентитет на Cisco ќе делува како контролер на податоци, можете да се повикате на вашите права за пристап и да барате корекција или деактивација согласно применливите закони за заштита на податоците, директно од тој ентитет на Cisco.

назад на почеток

Вашите избори и избирање на претпочитањата за комуникација

Ви нудиме избор за примање на најразлични информации со кои се надополнуваат нашите решенија. Можете да управувате со претпочитањата за комуникација преку следниве методи:

  • Со следење на упатствата што се вклучени во секоја промотивна е-пошта од нас за одјавување од таа одредена порака.
  • Со испраќање порака преку е-пошта или пошта на: Cisco Systems, Inc., Privacy Legal Department, 170 West Tasman Dr., San Jose, CA 95134, USA. Ве молиме, проверете дали сте ги вклучиле своето име, адреса на е-пошта, како и конкретни, релевантни информации за материјалот кој повеќе не сакате да го добивате.

Овие избори не се применуваат кај приемот на задолжителна комуникација за услугите што се смета за дел од одредени решенија која можете да ја добивате повремено, освен ако не го откажете решението согласно неговите услови и правила. Можно е да ги споделиме вашите лични податоци со деловните партнери и соработниците на Cisco за и тие да споделуваат информации за производи и услуги за кои би биле заинтересирани. За да изберете да не се споделува со трети страни за нивни маркетиншки цели, кликнете овде.

Со користење на вашите веб-локации или со обезбедување на личните информации кај нас, се согласувате дека можеме електронски да комуницираме со вас за прашања во врска со безбедноста, приватноста и административните прашања поврзани со вашето користење на веб-локациите. Ако дознаеме дека е нарушена безбедноста на системот, можно е да се обидеме да ве известиме електронски или со објавување на известување на нашите веб-локации, или, пак, со испраќање на е-пошта до вас. Можно е да имате право да го добиете ова известување писмено. За да ја повлечете својата согласност за примање електронски известувања за нарушена безбедност, ве молиме, известете нè.

назад на почеток

Споделување на вашите лични податоци

Можно е вашите лични податоци да ги споделиме за целите за водење на нашиот бизнис, за обезбедување, подобрување и приспособување на нашите решенија, за испраќање маркетиншка и друга комуникација поврзана со нашиот бизнис и за други легитимни причини кои ги дозволува применливиот закон. Можно е да ги споделиме личните податоци на следниве начини:

  • Во Cisco или во која било од нашите подружници во светот, со цел обработка или складирање на податоци.
  • Со деловните партнери или соработници на Cisco, за да можат да споделат со вас информации за своите производи или услуги. За да изберете Cisco да не споделува со трети страни за нивни маркетиншки цели, кликнете овде.
  • Со деловните партнери, соработниците за услуги, овластените агенти на трети страни или договарачи за обезбедување на бараната услуга или трансакција. Примерите вклучуваат, но не се ограничени на: обработка на нарачки и трансакции со кредитна картичка, хостинг за веб-локации, регистрација за семинари за хостинг, помош при обид за купување или поддршка по купувањето, како и обезбедување поддршка за корисници.
  • Поврзано со, или за време на преговорите за, спојување, продажба на имот на компанијата, консолидација или преструктуирање, финансирање или стекнување со нашиот бизнис од страна на друга компанија во целост или делумно.
  • Како одговор на барањето за информации од надлежните органи ако сме уверени дека откривањето е во согласност со, или на поинаков начин се бара со, применлив закон, регулатива или правен процес.
  • Со службеници за спроведување на законот, владини органи или други трети лица ако има потреба за заштита на правата, имотот или безбедноста на Cisco, нејзините деловни партнери или други, како што тоа го наложува применливото право.
  • Во агрегирана и/или анонимизирана форма која не би можела да се употреби за ваша идентификација.
  • Ако ве известиме на друг начин за споделувањето и вие се согласите на тоа.

назад на почеток

Безбедност на вашите лични податоци

Имаме намера да ги заштитиме личните податоци кои сте ни ги довериле и да ги третираме безбедно, во согласност со оваа Изјава за приватност. Cisco применува физичка, административна и техничка заштита да ни помогне да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба или откривање. Бараме и нашите снабдувачи да ги заштитат личните податоци од неовластен пристап, употреба или откривање. Меѓутоа, не може да се гарантира комплетна безбедност на интернет и не можеме да обезбедиме или гарантираме безбедност на личните податоци што ќе ни ги дадете.

назад на почеток

Задржување на лични податоци

Вашите лични податоци ќе ги задржиме по потреба, додека да се исполни намената за која сме ги собрале. Вашите лични податоци ќе ги задржиме по потреба, за усогласување со нашите правни обврски, решавање спорови и спроведување на нашите договори.

Користење колачиња и други веб-технологии

Како и многу веб-локации, Cisco исто така користи алатки за автоматско собирање податоци, како колачиња, вградени веб-врски и веб-патокази. Овие алатки собираат одредени стандардни информации кои вашиот пребарувач ги испраќа до нашата веб-локација, како типот на пребарувачот и адресата на веб-локацијата од која сте пристигнале до нашата веб-локација. Можно е да соберат информации за:

  • Вашата адреса за интернет протокол (IP). Тоа е бројот кој автоматски му се доделува на вашиот компјутер кога сурфате на интернет. Овозможува веб-серверите да го лоцираат и идентификуваат вашиот компјутер. Тоа е уникатна адреса која е доделена на вашиот компјутер преку давателот на интернет-услугата или одделот за информатички системи на мрежа TCP/IP.
  • Однесување на текот на кликнувања. На пример, страниците што ги прегледувате и врските на кои кликнувате.

Овие алатки помагаат вашата посета на веб-локацијата да биде полесна, поефикасна и повредна, обезбедувајќи за вас приспособено искуство и препознавајќи ве кога ќе се вратите. За повеќе информации за начинот на кој ги користиме алатките за автоматско собирање податоци, како колачиња и графички контроли, како и за вашиот избор во врска со овие алатки, ве молиме погледнете ја нашата Политика за колачиња.

Нашите веб-локации вклучуваат графички контроли, што се интерактивни мини-програми кои се активни на локацијата за да обезбедат конкретни услуги од друга компанија (како прикажување на вестите, мислења, музика и повеќе). Личните информации, како адресата на е-пошта, може да се соберат преку графичката контрола. Колачињата може да се постават преку графичката контрола за да се обезбеди правилна функција. Информациите собрани преку оваа графичка контрола се управуваат со политиката за приватност на компанијата што ја создала. Нашата графичка контрола може да има карактеристика за увезување на контактите за да ви помогне кога праќате е-пошта до контактите. На ваше барање, ќе го пребараме именикот во вашата е-пошта за да ви помогнеме да ги увезете контактите на нашата веб-локација.

Некои пребарувачи на веб може да понудат можност да овозможите карактеристика "не ме следи", која ќе испрати сигнали до веб-локациите што ги посетувате, назначувајќи дека не сакате да се следат вашите активности на интернет. Ова се разликува од блокирањето или бришењето колачиња затоа што пребарувачите со карактеристиката "не ме следи" сè уште можат да прифаќаат колачиња. Во моментов нема стандард во индустријата за тоа како компаниите треба да реагираат на сигналите "не ме следи", иако во иднина може да биде развиен. Не реагираме постојано на сигналите "не ме следи". Ако тоа го правиме во иднина, ќе го опишеме начинот во Изјавата за приватност. Дознајте повеќе за "не ме следи".

назад на почеток

Поврзани веб-локации

Може да обезбедиме врски до други веб-локации и услуги до трети страни што се надвор од нашата контрола и не се опфатени со оваа Изјава за приватност. Ве поттикнуваме да ги прегледате изјавите за приватност што се објавени на тие веб-локации (и на сите веб-локации) што ги посетувате.

назад на почеток

Форуми и соби за разговори

Ако учествувате во форум за дискусија или соби за разговори на веб-локацијата на Cisco, треба да бидете свесни дека информациите кои ќе ги споделите таму ќе им бидат достапни на другите и може да се искористат за некој да контактира со вас, да ви праќа несакани пораки или за други цели за кои ниту Cisco ниту вие немате контрола. Исто така, бидете свесни дека засебните форуми и соби за разговори може да имаат дополнителни правила и услови. Cisco не е одговорна за личните информации или другите информации кои ќе решите да ги доставите на тие форуми.

назад на почеток

Приватност на деца

Cisco ги поттикнува родителите и старателите да преземат активна улога во активностите на интернет на нивните деца. Cisco не ги собира личните податоци од деца свесно, без соодветна согласност од родител или старател. Ако сте уверени дека сме собрале лични податоци од некој под применливата возраст за согласност во вашата земја, без согласност од родител или старател, ве молиме да нè известите со помош на методите кои се опишани во делот Контактирајте нè, па ќе ги преземеме соодветните мерки за истражување и брзо решавање на проблемот.

назад на почеток

Согласност за пренесување, обработка и складирање на лични податоци

Cisco е глобална организација, па можно е да ги пренесеме вашите лични информации во Cisco во Соединетите Американски Држави, во која било подружница на Cisco во светот или до трета страна и деловни партнери, како што е опишано погоре. Со користење на нашите веб-локации и решенија или со обезбедување на личните податоци до нас, согласни сте за пренесување, обработка и складирање на таквите информации надвор од вашата земја на живеење, каде што може да има поинакви стандарди на заштита.

Cisco го штити и овозможува глобалниот трансфер на лични податоци на повеќе начини. Cisco претходно ја потврдуваше Рамката Safe Harbor на САД -ЕУ и рамката Safe Harbor на САД-Швајцарија како што е утврдено од Министерството за трговија на САД во врска со собирањето, употребата и задржувањето на личните податоци од земјите-членки на Европската унија и Швајцарија, иако не се потпира на Safe Harbor за да се усогласи со правото на ЕУ. Cisco потврди дека се придржува до принципите за приватност Safe Harbor за известување, избор, понатамошен трансфер, безбедност, интегритет на податоци, пристап и спроведување. За да дознаете повеќе за програмата Safe Harbor и за да ја видите сертификацијата на Cisco, ве молиме посетете ја локацијата на Safe Harbor, http://www.export.gov/safeharbor/. По одлуката на 6 октомври 2015, од европскиот суд за правда во врска со валидноста на Safe Harbor, како и во однос на развојните регулаторни рамки, Cisco повремено може да учествува и во други рамки одобрени од релевантните регулаторни органи.

назад на почеток

Права за приватност во Калифорнија

Жителите на државата Калифорнија, согласно Граѓанскиот кодекс на Калифорнија § 1798.83, имаат право да побараат од компаниите кои деловно работат во Калифорнија список со сите трети страни со кои компанијата споделува лични податоци за претходната година, за директни маркетиншки намени. Алтернативно, законот обезбедува дека ако компанијата има политика за приватност која дава можност да се избере дали вашите лични податоци да ги користат трети страни или не (како маркетинг компании) за маркетиншки намени, компанијата наместо тоа треба да ви обезбеди информации за тоа како можете да ги изберете вашите опции за откривање.

Cisco се квалификува за алтернативната опција. Ние имаме опсежна изјава за приватност и обезбедуваме подробности за тоа како можете да изберете дали вашите лични податоци да ги користат трети страни или не за директни маркетиншки цели. Поради тоа, нема потреба да одржуваме или откриваме список со третите страни кои ги добиле вашите лични податоци за маркетиншки цели во претходната година.

Ако сте жител на Калифорнија и побарате информации за тоа како да одберете од опциите за откривање кон трети страни, ве молиме пратете го своето барање преку е-пошта.

назад на почеток

Како да контактирате со нас

Го цениме вашето мислење. Ако имате прашања или коментари во врска со нашата изјава за приватност, ве молиме пратете е-пошта до нашиот тим за приватност.

назад на почеток

Ажурирања на оваа изјава за приватност на Cisco

Можно е да ја ажурираме оваа Изјава за приватност одвреме-навреме. Ако ја измениме нашата Изјава за приватност, ревидираната верзија ќе ја објавиме овде, со датум за ажурирано ревидирање. Согласни сте повремено да ги посетите овие страници за да бидете свесни за таквите ревидирања и да ги прегледате истите. Ако го измениме материјалот на нашата Изјава за приватност, можно е да ве известиме на други начини пред измените да стапат на сила, како со објавување на известување на нашите веб-локации или со испраќање известување до вас. Со продолжување на користењето на нашата веб-локација по стапувањето на таквите ревидирања на сила, прифаќате и се согласувате со ревидирањата и дека ќе се придржувате до нив.

Изјавата за приватност на Cisco беше ревидирана и објавена на 31 март 2016 година.

Кликнете овде за претходната верзија од изјавата за приватност.