Имате сметка?

  •   Персонализирана содржина
  •   Вашите производи и поддршка

Потребна ви е сметка?

Направете сметка

Заштита од Рансомвер
за почетници

Превземете го е-прирачникот и дознајте што
е Рансомвер и како да се заштитите.

Превземете го е-прирачникот

Трката што не сакате да ја изгубите

Рансомверот е злонамерен или штетен софтвер кој прави инкрипција на информациите кои се наоѓаат во уреди, па дури и на цели мрежи. Рансомверот нема да ги ослободи датотеките сѐ додека лицето не плати (откуп) за да ги отклучи и да си ги врати. Понекогаш, дури и кога е платен откупот, датотеките не се враќаат.

Рансомверот за кратко време стана најпрофитабилниот тип на злонамерен софтвер што некогаш сме го виделе. Кибер-криминалнците заработуваат милијарди годишно и заканата експоненционално се зголемува.

Видете графички приказ

Пристигна Nyetya

Дознајте ги најновите вести за новиот рансомвер активен низ целиот свет.

Дали сте подготвени?

Are you ready?

Дали вашата организација би можела да избегне рансомвер напад? За да се заштитите од рансомвер напад и други закани, потребно ви е повеќе од едноставно безбедносно решение. Потребни се активни процеси за заштита, како чување на податоци на повеќе локации, редовни надградби на системот и софтверот за заштита, сегментација на мрежните сегменти заради подобрена безбедност

Списокот за проверка ќе ви помогне да ги идентификувате следните чекори за градење обемна заштита.

Добијте го списокот за проверка

Непријателите ги користат вашите слабости

 

Реклами со злонамерен софтвер

Реклами со злонамерен софтвер што автоматски преземаат злонамерен софтвер или ги пренасочуваат корисниците да користат алатки додека посетуваат заразени веб-страници.

Малициозни софтверски алатки

Софтверски алатки што идентификуваат слабости за да можат да преземаат и да извршуваат злонамерни кодови, како што е рансомверот.

Малициозна е-пошта

Линкови или документи во е-пошта за крадење идентитет или во спам заразен со рансомвер.

Слаба мрежна безбедност

Рансомверот може да се насочи кон цели мрежи за да го зголеми влијанието и профитабилноста на нападот.

Сѐ што треба да знаете

Дознајте повеќе за начинот на кој рансомверот добива пристап и како да ја заштитите вашата компанија.

 

Преземете го документот

2018 Annual Cybersecurity Report

Заштитете ги вашите системи и купувачи. Развијте го сопствениот бизнис на безбеден начин. Преземете го годишниот извештај за сајбер-безбедност.

Заштита на Cisco од рансомвер

Постојат повеќе начини на кои рансомверот може да добие пристап. За да се намали ризикот од инфекции, на организациите им е потребна повеќеслојна заштита. Нашето решение за одбрана од рансомвер Ве заштитува од DNS-слојот до е-пошта, па до крајната точка, што е потврдено од истражувањето на закани на Talos.

Прв ред на одбрана

Firewall-от на Cisco од следната генерација блокира сомнителни врски, додека Cisco Advanced Malware Protection (AMP) го спречува и разрешува злонамерниот софтвер. Cisco Email Security блокира е-пошта за кражба на идентитет и други видови закани од е-пошта што се користат да се достави рансомверот.

Блокирајте ги штетните веб-страници

Umbrella ги блокира барањата за пристап до сомнителни домени за да ги спречи корисниците да посетуваат веб-страници контаминирани со реклами со злонамерен софтвер и други закани.

Ретроспективна безбедност

Понекогаш злонамерниот софтвер го маскира своето злонамерно однесување за да ја помине првичната проверка. AMP за крајни точки ја блокира датотеката кога таа ќе ја покаже својата вистинска природа.

Сопрете ја инкрипцијата

Umbrella го блокира преземениот рансомвер да добие пристап до инфраструктурата за шифрите за инкрипција.

 

Дознајте повеќе за тоа како нашата повеќеслојна одбрана од рансомверот може да ви помогне да ја заштитите вашата компанија.

Преземете го документот

Бесплатна пробна верзија на Cisco Umbrella

Откријте како може да ги сопрете заканите, пред вашите корисници воопшто да се поврзат на веб-страници со злонамерен софтвер.

Достапно само на англиски