Имате сметка?

  •   Персонализирана содржина
  •   Вашите производи и поддршка

Потребна ви е сметка?

Направете сметка

Истражете ја приказната за Мераки

Илјадници професионалци од ИТ индустријата во училишта, универзитети, болници, хотели, претпријатија и фабрики се префрлија на Мераки. Конечно, мрежа која едноставно функционира.

Комплетното управување од облак овозможува побрза имплементација, поедноставена администрација и поширока видливост

Портфолиото на Cisco Мераки содржи мрежни уреди кои се централно управувани од облак. Оваа облак архитектура која е богата со опции и лесна за користење им овозможува на клиентите да се справат со новите бизнис проблеми и да ги намалат трошоците за работење.

Управувајте со целата мрежа преку една апликација за контрола и следење

Контролирајте корисници, апликации и уреди

Нема потреба од контролен хардвер ниту софтвер за управување кој треба да го инсталирате и одржувате

Безбена инфраструктура на облак (во согласност со PCI и HIPAA)

Скалабилна имплементација за мали мрежи или мрежи со милиони корисници

Намалување на трошоците за имплементација и одржување на мрежата

Регистрирајте се за вебинар и добијте бесплатна Мераки пристапна точка!

Приклучете сѐ на Мераки вебинарите и дознајте како мрежата може да помогне на  Вашата организација, без при тоа да потрошите многу време.

Регистрираните учесници на вебинарите ќе имаат право да добијат бесплатна  Cisco Мераки пристапна точка. (можност за бесплатна пристапна точка)

Дознајте повеќе за Cisco Мераки портфолиото:

Безжичен LAN

Cisco Мераки пристапните точки се направени од врвни компоненти и внимателно оптимизирани за беспречено користење. Резултатот: побрза врска, поголем кориснички капацитет, поголема покриеност и помалку повици кон Подржршка на корисници.

Безбедносни уреди

Имплементирајте ги Cisco Мераки безбедносните уреди од далечина, за неколку минути, автоматски активирајќи ги преку облак. Синхронизација на подесувањата за безбедност на илјадници локации користејќи шаблони. Безбедно поврзете различни ограноци со само 3 клика на интиутивната, веб-базирана Мераки апликација за контролна и следење.

Преклопници

Cisco Мераки преклопниците на пристапно и агрегациско ниво се 'рбетот на мрежи со различна големина, кои комбинираат безбедно, скалабилно и сеопфатно работење со елегантно и интуитивно искуство на управување со мрежата.

Управување на мобилност

Користејќи ја  безбедната Mераки апликацијата за контрола и следење преку пребарувач, интегригајте го управувањето и контролата на илјадници мобилни и десктоп уреди.  Поттикнувајте ги иницијативите за мобилност во Вашата организација преку лесно додавање на нови уреди во мрежата и автоматско активирање на безбедносните политики.