Cisco TelePresence

Имплементација

Cisco TelePresence

Viewing this content requires the latest version of Adobe Flash Player with JavaScript enabled.
Get the Flash Player



Дозволете да помогнеме




Климатски промени и иновација во технологијата

Al Gore и John Chambers ја испитуваат улогата на иновацијата во намалувањето на климатските промени.

Погледнете видео(60 мин.)

TelePresence за секого, во секое време

TelePresence во јавност

Состанете се, работете и дознајте за јавните Cisco TelePresence локации ширум светот.

Дознајте повеќе

TelePresence и medianet

Испорачајте беспрекорно TelePresence искуство со medianet.

Дознајте повеќе

Cisco TelePresence технологија

Cisco TelePresence состаноците инкорпорираат просторно аудио со висок квалитет и видео со намалена латенција како во живо во специјално подготвена околина. Доживувањето е така добро како навистина да сте во истата соба со другите учесници.

Системите Cisco TelePresence обезбедуваат неодоливи и иновативни апликации за соработка што се лесни за употреба, безбедна, доверлива архитектура и мали вкупни трошоци на сопственост. Тие ги користат најновите стандарди и технологии, вклучувајќи:

  • Камери со висока дефиниција од 720p и 1080p и кодирање/декодирање
  • H.264 видео кодеци за да го понудат највисокиот квалитет и најниската брзина на битови
  • Протокол за отпочнување на сесијата
  • Архитектура со намалена латенција и користење на мала пропустливост
  • Широкопојасно напредно аудио кодирање со мало одложување (AAC LD)
  • Многуканално просторно аудио со филтри за поништување на ехото интерференцијата за елиминирање на реакцијата од мобилните уреди
  • Оптимизирано одржување на околината за обезбедување на најдоброто аудио и видео и целокупното доживување на корисникот
  • Потполно медиумско и сигнално шифрирање без забележлива латенција за Cisco TelePresence повик за до 48 сегменти.
  • Видео снимање со висока дефиниција за обезбедување на раскошни, реални пораки
  • Интероперабилност со системи за видео конференција базирани на стандардите H.323 и други крајни точки со стандардна и со висока дефиниција (HD).

Интелигентна и безбедна мрежа

Основната интелигентна мрежна архитектура нуди вградени иновативни услуги, безбедност и доверливост, за поврзување низ организацијата или помеѓу организациите. Користи стандардна IP технологија и работи на интегрирана мрежа за пренос на глас, видео и податоци.

Системите Cisco TelePresence пружаат високо квалитетни гласовни и видео комуникации низ сите места во реално време, вклучувајќи организациска управа, филијали или оддалечени канцеларии или дури и апликации за далечински вработени. Тие се сигурни и безбедни, работат дури и преку врски со ограничена пропустливост со квалитет на услуга, или преку интернет врски со голема брзина.

Хардверски оптимизирана околина

Решенијата вклучуваат камери и дисплеи, осветлување, звучници, микрофони и проектирана можност за поголеми соби. Собите Cisco TelePresence користат или специјално дизајниран мебел за системот или постоечките маси и столици.

Софтвер за инфраструктурата

Групниот софтвер на претпријатието и алатките за унифицирани комуникации што ги користите секој ден, работат со системите Cisco TelePresence. Планирање и почнување на Cisco TelePresence состаноци е без напор, колку што е можно. Било да соработувате со едно или повеќе места, едноставниот и интуитивен кориснички интерфејс ги елиминира оперативните и општите трошоци, така што можете да се фокусирате на комуницирањето а не на технологијата.

  • IP телефонија - Системите Cisco TelePresence користат Cisco IP-базирани телефони и можности за управување со повиците за да го поедностават започнувањето на повици. Со телефонски интерфејс наместо комплицирано далечинско управување, на корисниците не им треба обука.
  • Групен софтвер - Интеграцијата со решенијата за групен софтвер на претпријатието (како што се Microsoft Outlook и Lotus Notes) лесно се прилагодува на распоредот на состаноци и на пристапот до собите и ресурсите.
  • Услуги - Услугите Cisco TelePresence обезбедуваат едноставно управување, пријавување, наплатување и метрички апликации за да се обезбеди соодветно следење и точно наплаќање на трошоците на дејноста. Cisco и партнерите нудат инсталација и услуги за работа во реално време за безгрижно работење.
Како да подготвам?

Искористете од употребата на сугурноста, квалитетот и безбедноста на вашата постоечка мрежа со Cisco TelePresence endpoints, софтвер за управување и можности за комутација на повеќе точки.

Како да имплементирам?

Дознајте како Cisco услугите можат да ви помогнат да го имплементирате и користите Cisco TelePresence. Исто така, ја имате опцијата да изберете управувана услуга или сертифициран партнер за Cisco TelePresence врски.