Добијте придобивка
Деловната предност на податочниот центар е архитектонска рамка за динамички вмрежени организации. Рамката им овозможува на организациите да креираат решенија побргу, да ја подобрат профитабилноста и да го намалат ризикот од имплементација на нови деловни модели. Се заснова на:
- Испорака на деловна вредност
- Обезбедување флексибилност и избор со отворен еко-систем
- Иновативни услуги за податочни центри
Деловната предност на податочниот центар на Cisco е портфолио со практични решенија што се дизајнирани да ги исполнат вашите ИТ и деловни потреби. Може да ви помогне при:
- Намалување на вкупниот трошок на сопственост
- Забрзување на деловниот растеж
- Продолжување на трајноста на тековната инфраструктура со тоа што ќе го направите податочниот центар поефикасен, агилен и издржлив
Намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста на разни начини.
Консолидација на инфраструктурата
- Овозможува поефикасна употреба на карактеристиките на податочниот центар
- Ви дава оперативна ефикасност и заштеда на трошоци преку стандардизација и консолидација на капиталот
- Ја зголемува искористеноста на капиталот за да се зголеми флексибилноста и да се намалат трошоците
Енергетска ефикасност
- Ги намалува енергетските трошоци
- Го продолжува работниот век на капиталните вложувања
- Ја оптимизира употребата на простор, напојување и инфраструктурата за разладување
- Избегнува или одолжува конструкција на нови простории
Деловна континуираност
- Го намалува влијанието врз бизнисот на локализирани и големи катастрофи што оставаат последици
- Ја подобрува продуктивноста преку подобрена апликација и достапност на податоци
- Ги исполнува потребите за корпоративна и регулаторна усогласеност
Продуктивност на работната сила
- Ги подобрува безбедноста на податоците и на усогласеноста
- Го продолжува работниот век на хардверот за работната површина
- Ги продолжува деловниот континуитет и обновувањето од катастрофа на работните површини на претпријатијата
Решенија за даватели на услуги
- Cisco работи со водечки даватели на услуги за да развие портфолио со решенија дизајнирани за нивните специфични побарувања
Стратегија за компјутерство со облаци на Cisco
Услугите ги намалуваат трошоците, ги поедноставуваат операциите и ја подобруваат флeксибилноста.
Дознајте повеќеИнфраструктура на виртуелна работна површина
Централизирајте да ги подобрите управувањето и безбедноста.
Прочитајте официјален став