Податочен центар





Деловна предност со податочен центар

Откријте како да ја поврзете технолошката иновативност со деловната иновативност.

Архитектонска рамка за „Развоен податочен центар“

Деловната предност со податочниот центар на Cisco претставува архитектонска рамка за поврзување на технолошката иновативност со деловната иновативност. Тоа е основа на Динамичната вмрежена организација.

Иновирајте бргу и ефикасно

Деловната предност на податочниот центар на Cisco претставува основно преместување во улогата на ИТ како двигател на деловната иновативност. Бизнисите може да креираат услуги побргу, да станат поагилни и да се здобијат со предност на новите текови за приходи и деловни можности. Деловната предност на податочниот центар на Cisco ги зголемува ефикасноста и профитабилноста со намалување на капиталот, со справувањето со трошоците и со комплексноста. Се трансформира и во тоа како бизнисот се приближува до својот пазар и како ИТ го поддржува и се израмнува со бизнисот за да овозможи нови и иновативни деловни модели.

Задржете ја контролата врз архитектурата на податочниот центар

Архитектонската рамка на деловната предност на податочниот центар на Cisco се испорачува како портфолио со технологии и системи што може да се адаптираат за да ги исполнат организациските потреби. Може да ја адаптирате рамката во развоен и грануларен начин за да ја контролирате кога и како ќе ги имплементирате иновациите во податочниот центар. Ова ви овозможува полесно да го развивате и адаптирате податочниот центар за да одржите чекор со променливите организациски потреби.

Слободно избирете

Деловната предност на податочниот центар на Cisco ја задржува можноста за работа со други индустриски лидери за да се реши даден ИТ или деловен проблем. Бидејќи Деловната предност на податочниот центар на Cisco е изградена во рамка ориентирана кон еко-системот и во многу отворени решенија, лесно може да работите со постојните продавачи на податочни центри и со индустриски водечката заедница на Cisco за развој, дизајн и партнери за соработка.



Станете агилни со унифицираното компјутерство

Подобрете ја ИТ-реакцијата за рапидно менување на деловните побарувања.

Дознајте повеќе

Блеснете со услугите за унифицирана мрежа

Изберете мрежа и компјутерски услуги за максимална флексибилност.

Дознајте повеќе