Guest

Резиме на онлајн изјавата за приватност на Cisco

file

Центар за доверба и транспарентност

Cisco е посветена на одржувањето силна заштита за нашите потрошувачи, производи и компанија. Веруваме во градењето и во одржувањето на довербата, во намалувањето на ризикот и едноставно, во правењето на вистинската работа.

Изјавата за приватност на интернет на Cisco и ова резиме се однесуваат на веб-локациите на Cisco и на оние на нашите содружници кои водат до Изјавата.

Cisco ги почитува вашите лични податоци и посветена е на нивната заштита. Нашите изјави за приватност се одраз на тековните глобални принципи и стандарди за справување со личните податоци известување и избор за користењето на податоците, пристап и интегритет на податоците, безбедност, понатамошен трансфер и спроведување/надзор. Подолу се најважните делови од нашата Изјава за приватност на интернет.

Лични податоци

  • Личните податоци ги собираме за најразлични причини, како за обработка на вашата нарачка, обезбедување претплата за нашиот билтен, испраќање комуникација за маркетинг, персонализација на вашето доживување или во врска со апликации за работа.
  • Кога ќе ги собереме личните податоци од вас, ќе ве информираме за намената за тоа, а ќе ги чуваме сè до исполнување на намената за која сме ги собрале или според наложувањето на применливите закони, или за други легитимни причини.
  • Можно е да ги комбинираме информациите што ќе собере од вас со информациите што сме ги добиле од други извори за полесно да ги подобриме нивните прецизност и комплетност, како и за полесно да ја скроиме интеракцијата со вас.
  • Можно е да собираме информации поврзани со вашето користење на веб-локациите, преку употреба на различни технологии, вклучувајќи колачиња.

Известување и вашиот избор за користење на податоците

  • Вашите лични податоци ќе ги употребиме за намената за која сме ги собрале и нема да ги користиме за поинаква намена без претходно да побараме ваша дозвола.
  • Ваша дозвола ќе побараме пред да ги споделиме вашите лични податоци со трети страни за каква било намена, освен ако не е тоа причината за која сте ги дале или како што е поинаку наведено во нашата Изјава за приватност на интернет.
  • За информации поврзани со начинот на кој ги користите нашите веб-локации, можете да ги исклучите колачињата о вашиот пребарувач.

Пристап и интегритет на податоците

  • За да ги ажурирате личните податоци и претпочитањата за комуникација, контактирајте со privacy@cisco.com или посетете ја веб-локацијата на конкретните производ или услуга.

Безбедност на податоците

  • Обврзани сме да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластени употреба или откривање.

Понатамошен трансфер

  • Како глобална компанија, можно е да ги пренесеме вашите лични информации во Cisco во Соединетите Американски Држави, во која било подружница на Cisco во светот или до трета страна која делува во наше име, а е лоцирана надвор од земјата каде што биле собрани податоците, каде што стандардите за заштита на податоци можеби се различни.
  • Вашите лични податоци нема да ги пренесеме на трети лица, освен ако тие трети лица не ветат дека за информациите ќе го обезбедат истото ниво на заштита како нашето.

Важни информации

  • Ги следиме политиките за приватност и практиките за заштита на податоци не само за да бидеме усогласени со законот, туку и за да ги заслужиме довербата и увереноста во Cisco.
  • Cisco претходно ја потврдуваше Рамката Safe Harbor на САД -ЕУ и рамката Safe Harbor на САД-Швајцарија како што е утврдено од Министерството за трговија на САД во врска со собирањето, употребата и задржувањето на личните податоци од земјите-членки на Европската унија и Швајцарија, иако не се потпира на Safe Harbor за да се усогласи со правото на ЕУ. Cisco потврди дека се придржува до принципите за приватност Safe Harbor за известување, избор, понатамошен трансфер, безбедност, интегритет на податоци, пристап и спроведување. По одлуката на 6 октомври 2015, од европскиот суд за правда во врска со валидноста на Safe Harbor, како и во однос на развојните регулаторни рамки, Cisco повремено може да учествува и во други рамки одобрени од релевантните регулаторни органи.

Референци

За да дознаете повеќе за нашите практики за приватност, погледнете ја целосната верзија на Изјавата за приватност на интернет на Cisco.

Последно ажурирање: март 2016 г.

Изјава за приватност

Целосна верзија



Како да контактирате со нас

Е-пошта: privacy@cisco.com

Пошта: Cisco Systems, Inc.
Legal Department
170 West Tasman Dr.
San Jose, CA 95134 USA